Повторно како и секогаш во изборот на најдобрите на ЕХФ ТВ магазините посветени на мечевите во шампионската лига имаше место и за вардаровиот чувар на мрежата Арпад Штербик. Тој се најде во изборот на најубави триесет одбрани за изминатата 2015/2016 сезона во ЕХФ Лигата на шампионите. Тој обезбеди место со фантастичната одбрана на натпреварот со Висла Плок кој се одигра во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Најатрактивна интервенција на сезоната ја има Славомит Шмал. Сите триесет прекрасни голмански блесоци ќе може да ги погледнете на следново видео.