Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младинската ракометна селекција почна со подготовките за Е.П, петмина вардарци се дел од неа
Младинската ракометна селекција почна со подготовките за Е.П, петмина  вардарци се дел од неа

Младинската ракометна селекција почна со подготовките за Е.П, петмина вардарци се дел од неа

Младинска машка ракометна репрезентација на Македонија ги одпочна последните  подготовки за настапот на Европското првенство за ракометари  до 20 години. Овој континентален собир ќе се одржи во Данска, од црвено-црните   на  списокот фигурираат  петмина вардарови играчи.

Вардарци во оваа млада селекција ги имаат  двата голмана: Илија Трпевски и Марко Кизиќ. Покрај нив од црвено-црните  на списокот се  и бековите Тоше Ончев, Алаександар Димовски и Стефан Трпчевски. Трпевски е член на Вардар, а останатите четворица се членови на Вардар-2 тоа се  млади ракометари кои сезонава има добри настапи бидејќи  стигнаа до вицешампионската титула во Првата лига, а потоа  и играа  бараж за влез во суперлигата со велешки ГРК Борец. Црвено-жолтите  ќе играат во Ц групата заедно со домаќинот Данска, со Норвешка и  Холандија. По крајот на групната фаза  две најдобри репрезентации  продолжуваат понатаму, а останатите ќе разигруваат за пласман од 9 – 16 место.

Распоред на натпревари во Колдинг:
28 јули: Норвешка – Македонија (17,45)
29 јули: Македонија – Данска (20)
31 јули: Холандија – Македонија (18)