Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА-лигата никогаш посилна, Целје и Горење се дебитанти во лигата, додека Веспрем останува да се натпреварува и следната сезона

СЕХА-лигата никогаш посилна, Целје и Горење се дебитанти во лигата, додека Веспрем останува да се натпреварува и следната сезона

СЕХА- лигата од следната сезона сигурно ќе биде една од најсилните во нејзиното постоење. Дебитанти во силната Балканска лига ќе бидат најдобрите екипи од Словенија, Целје Пивоварна Лашко и Горење Велење. Своето учество го потврди и актуелниот шампион во ова натпреварување, екипата на Веспрем која е и вицешампион од лигата на Шампиони, додека друштво на Вардар од Македонските тимови ќе му прави екипата на Металург, која по пауза од една година се враќа на настапите во Сеха-лигата. Хрватска вообичаено како и претходните години ќе биде претставувана од своите најквалитетни тимови, Загреб и Нексе, додека Мешков Брест и Татран Прешов се претставниците од Белорусија и Словачка.

Се чека одговор од Војводина и Металопластика за нивно учество во лигата, додека сигурно е дека Борац од Бања Лука следната сезона нема да се натпреварува. Црна Гора и оваа сезона ќе остане без своја екипа во сеха-лигата, која од година станува се посилна и поквалитетна. По два наслови шампион во лигата имаат екипите на Вардар и Веспрем. Во наредниот период се очекува конечен распоред на сите учесници за натпреварувачката сезона 2016/17.