ФК Вардар денес го пречека градскиот ривал Работнички во дуел од 33.коло во првата лига. На стадионот “Б.Трајковски“ во дуел без резултатско значење за црвено-црните одигравме реми 1-1 (0-1)
Во воведните десет минути црвено-црните на ова градско дерби имаа доминација, тие постојано беа на половината на противникот. Прва посериозна прилика имаше Мицевски кој се обиде од далечина, сепак топката ја одбрани добропоставениот голман на ривалот. Работнички се закани во 12.минута преку поранешниот вардарец, Блажевски кој шутна над голот од дистанца. Голема шанса пропуштивме по изведен прекин, со глава биеше Колевски чии удар заврши неколку сантиметри крај стативата. Одлична шанса имаа црвено-црните во 27.минута, Колевски го пронајде Цветаноски пред голот на Работнички, кој од пет метри шутира покрај голот на “романтичарите“. Казната стигна во 33.минута од левиот агол гостинот изведе корна, топката дојде до Петар Петковски кој погоди за водство на гостите со 0-1. Вардар се обиде да нападне за да изедначи, но не успеа. Во првиот дел имавме повеќе од играта и поседот на топката, сепак ефикасноста недостигаше.
Вториот дел го започнавме со прилика преку нововлезениот Аврамовски, тој на полувремето влезе на место на Новак. Во 49.минута се обиде со глава од над 20.метра. Потоа се се одвиваше како на филмска лента, во 50.минута постигнавме гол за резултатска симетрија. Цветаноски одлично одигрува повратна топка до Дарко Мицевски кој 15 метри кој прецизно шутира ниско по земја за изедначување 1-1. Во 51. по брза контра Реис Жуниор шутираше од само 6-7.метра откосо, голманот на црвено-белите со крајни напори одбрани. Минутата потоа, Цветановски се закани, во тие моменти вардарци беа крајно опасни. Последниот пола час бевме со играч повеќе на теренот, откако во 61.минута по добиениот втор жолт картон исклучен беше Вијачки кај Работнички. Момците на Васоски доминираа во поле, гостинот беше во дефанзива обидувајќи се да го спаси тој еден бод кој имаше можност да го освои и со десет играчи. Десет минути потоа се закани бразилецот Жуниор, неговиот удар го блокираше одбраната на гостинот. Две шанси имавме во финишот за гол, на 4.минути до крајот на регуларниот дел, Лира врати повратна топка до Жуниор кој со волеј шутна крај левиот директ. Потоа и Мицевски повторно го проба ударот од дистанца, за жал повторно топката мина крај стативата.