Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гласајте за Иван Чупиќ, во изборот за влез во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ, како најдобро десно крило
Гласајте за Иван Чупиќ, во изборот за влез во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ, како најдобро десно крило

Гласајте за Иван Чупиќ, во изборот за влез во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ, како најдобро десно крило

ЕХФ ги објави играчите кои ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, односно кои ќе се најдат во идеалниот тим на Лигата на Шампионите, кој ќе биде објавен пред почетокот на завршниот турнир во Келн.

За најдобар на позицијата десно крило, се најде и играч од редовите на Вардар, се работи за Иван Чупиќ. Хрватот игра одлична сезона во црвено-црниот дрес и е четврти најдобар стрелец на својот тим во Лигата на Шампионите. Негови конкуренти на оваа позиција се Блаж Јанц ( Киелце), Алексис Гомез (Барселона), Златко Хорват (ППД Загреб) и Дарко Џукиќ ( Брест Меков).

За првпат, гласањето ќе се одвива исклучиво преку новата смартфон апликација VELUX EHF FINAL4. Апликацијата може да се преземе на iOS или Android.

Изборот за најдобри на позицијата десно крило, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.

За  Иван Чупиќ можете да гласате на линкот, ТУКА.