Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Вардар ремизираа против Осијек
Пионерите на Вардар ремизираа против Осијек

Пионерите на Вардар ремизираа против Осијек

Пионерите на ФК Вардар предводени од Сашо Тодоровски денеска го одиграа и вториот натпревар на турнирот на “пријателство“ во Бијелина (БиХ). По вчерашниот пораз од Партизан со 3-1, денеска нашите момци одиграа подобар натпревари, и ремизираа против тимот на Осијек од Хрватска со 2-2.

Марко Ѓорѓиевски уште во втората минута погоди за водство од 1-0 за нашиот тим. Ова беше втор погодок за Марко, кој и вчера погоди против Партизан. Но радоста на Вардарци не траеше долго. Во 18 минута преку Владиќ израмнија противниците на 1-1, а целосен пресврт направија со голот на Гурдон во 23 минута. Во втиориот дел Вардарци на крајот од мечот успеаа да го погодат колот на Осијек и да слават голем бод од овој дуел. Битиќи погоди по асистенцијата од Ѕурѕу за конечни 2-2 од овој дуел.

За ВАРДАР настапија: Зибери, Трајковски, Антовски, Ѓорѓиески, Рамиќ, Пешевски, Ристовски, Бериша, Ѓорѓиевски, Дарлишта, Битиќи. Во игра влегоа и: Петковски, Адем, Ѕурѕу и Филиповски.

ФОТО: turnirprijateljstva.com