Вардарци одиграа 1:1 на последниот тест дуел во Анталија. Иако Вардар водел со голот на Петковски од 38.минута, сепак противникот од Романија преку пенал во 62.минута израмнил на конечни 1:1. Вардар дуелот го започна во следниот состав: Гачевски, Мишковски, Стојанов, Ристески, Глишиќ, Мицевски Дарко, Блажевски Мартин, Николов, Јованов, Дејан Блажевски и Петковски.
По првиот дел Вардар имаше предност од 1:0 над тимот на Херманштад од Романија. Информациите од Анталија велат дека Вардар одново одиграл квалитетно прво полувреме, а посебно одбраната која уште еднаш покажува дека ќе биде главен фактор пролетва. Во вториот дел, Вардар одиграл исто така добар натпревар, но гол примил од пенал, по едно невнимание. Голот на противникот дошол во 62.минута од дуелот, а до крајот на мечот шанса добиле и уште неколку играчи.
Со ова реми, Вардар ги завршува зимските подготовки во Анталија со две победи, еден пораз и ова реми денес.