Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар(1) генер.2006 со нова победа, Вардар(2) ја прекина низата на неуспеси
ФК Вардар(1) генер.2006 со нова победа, Вардар(2) ја прекина низата на неуспеси

ФК Вардар(1) генер.2006 со нова победа, Вардар(2) ја прекина низата на неуспеси

ФК Вардар генер.2006 денес одигра два дуела во детската лига. Момците на Спасевски успеаа да дојдат до победа и реми на сочувањата со ривалите.

y-2

ФК Вардар-1 го совлада со леснотија тимот на Шкупи со 11-3. Тргнавме офанзивно рано на самиот почеток отворивме со два брзи гола. Преку Марко Николовски и Алтин Алији успеаве да поведеме со 2-0 на почетокот. Шкупи искористи едно невнимание на црвено-црните и намали на 2-1. Андреј Величковски имаше прилика за зголемување на предноста која не ја реализира. На сцена стапи Алтин тој повторно беше најактивен пред противничкиот гол погодувајќи за 3-1, а веднаш потоа стрелаше и за предност од три гола, 4-1. Нуман Ајетовиќ имаше две прилики кои не ги претвори во гол, сепак по истите успеа да му тргне и да погоди два пати. Со неговите голови вардарци водеа со 6-1. Имавме целосна иницијатива во оваа средба, противникот се закани во финишот, но на нашиот гол присебен беше Данстак Андреј кој ја расчисти опасноста па на одмор заминавме со пет гола позитива.

y2-2

Вториот дел започна со шанса на Марко Николовски истата не ја претворивме во гол, противникот казни од пенал и намали на 6-2. Алтин Алији зголеми на 7-2, веднаш потоа противникот успеа да намали на 7-3. Истиот играч не дозволи противникот да биде долго на минус четири, па стрелаше за 8-3. Доминиравме, па Ангел Настевски и Андреј Величковски успеаа да “испорачаат“ по еден уште едне гол во мрежата на сино-белите за високи 10-3. Николовски повторно имаше прилика, Алији кој денес беше расположен за игра зголеми на 11-3. По овој момент следеше мирна игра на двете страни во наредните минути, се играше претежно на средината на теренот. Имавме слободен удар, одлично мрежата на ривалот ја погоди Нуман Ајетовиќ.

y4-2
ФК Вардар-2 конечно ја прекина низата на неуспеси, одигувајќи реми ФК Скупи. Дуелот почна со со наша инцијатива, ние имавме две изгледни прилики преку Антони Динов. Во првиот се обеде со удар крај голот, во вториот голманот успешно одбрани. Ја затресовме и гредата преку Дамјан Крстевски. Казната стигна за сите пропуштени прилики, противникот успеа да погоди по една мешаница за 0-1. Противникот имаше голема шанса да ја удвои предноста, сепак имавме среќа од пенал погодија греда. Ние после голот малку подзастанавме во поле. До крајот на првиот дел имавме шанса преку Танчев Михаел.

Вториот дел почна со прилика на Нуман Ајетовиќ, која не ја претворивме во гол. Одлично се обиде Антони Димов, неговиот удар со крајни напори голманот на ривалот го исфрли во корна. Противникот се закани, на нашиот гол две одбрани имаше Махим Краљевски. До крајот тргнавме во офанзива, прва прилика имаше Олег Трифуновски неговиот удар заврши крај голот. Конечно дојде и изедначувањето Антони Димов изведе слободен удар, перфектно стрелаше под гредата за 1-1. Со овој резултат се оконча оваа средба.