Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Има надеж во младата репрезентација на Македонија!
Има надеж во младата репрезентација на Македонија!

Има надеж во младата репрезентација на Македонија!

Големиот фаворит Франција и по втор пат беше надиграна од нашите момчиња до 21 година. Избраниците на Благоја Милевски одиграа уште еден одличен натпревар во Франција против големиот фаворит. Николов и Велковски го одиграа целиот натпревар, а Николов запиша и асистенција при голот на Ангелов. Нашата репрезентација поведе со голот на Виктор Ангелов во 15 минута, се до 20-сетата минута нашите играчи во целосна смисла го надираа противникот. Во 27 минута несреќно си постигнавме автогол, Бејтулаи несреќно со глава го матираше нашиот голман. Во вториот дел имавме свои шанси, но и голманот Алексовски правеше чуда на својот гол, со неколку прексрасни одбрани.

Се на се, голем бод за нашите надежи. Сега засега се наоѓаме на 3 позиција на табелата со 9 бодови, шансите за 2 место се достижни, Исланд на втората позиција има само три бода повеќе од нас, додека пак Франција е прва со 14 бодови. Следен натпревар за нашите играчи е оној во Украина на 27 мај.