Фудбалскиот клуб „Вардар“ оваа втора фаза од подготовките за настапот во втората лига запад ги одработува во Охрид. Денес одиграа пријателски натпревар со прволигашот, екипата од Тетово тимот на ФК Ренова. Оваа средба заврши со резултатска симетрија 2-2.
Нашиот тим одигра доста подобро од тетовчани во првите 45.минути, овој период го добивме со два погодока во наша корист. Отворивме за 1-0 преку Гроздановски кој стрелаше во 4. минута, добивме и пенал во 36.минута на оваа „контролка“. Искусниот Блажевски стрелаше рутинирано за предност од 2-0 резултат со кој се замина на одмор.
Нашиот ривал успеа во вторите 45.минути да ја анулира предноста и да го оконча овој дуел со реми. Најпрвин Бачков во 72. минута намали на 2-1, а Селмани од пенал во 84. минута ги постави конечни 2-2.