Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Томовски се „адаптира“ на голот на Вардар

Томовски се „адаптира“ на голот на Вардар

Вардарци ги одработуваат последните денови во Златибор, како главен дел од подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

„Пеколна“ ќе биде конкуренцијата за прв голман кај Вардар оваа сезона. Борко Ристовски доби силна конкуренција во неговиот колега од репрезентацијата, Мартин Томовски, додека ново засилување е и  Али Сафар, кои ќе бидат надополнети со младиот Васил Гогов.

Томовски напорно тренира под водство на Александар Рогановиќ кој ќе биде задолжен за работа со голманите на Вардар.