Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ренова одлучи ќе го пречека ФК Вардар во село Боговиње
Ренова одлучи ќе го пречека ФК Вардар во село Боговиње

Ренова одлучи ќе го пречека ФК Вардар во село Боговиње

ФК Ренова годинава не може да го користи градскиот стадион во Тетово поради градежни зафати на истиот па својте домашни мечеви ги игра на алтернативни терени низ земјава.

Дуелот од седмото коло во кој го пречекува нашиот миленик ФК Вардар управата на тетовци реши да го игра на стадионот на ФК Дрита во тетовското село Боговиње. Мечот е закажан за недела 20 септември во 16-00 часот . Од истиот најверојатно ќе има видео стрим на веб-страницата на Вардар ,но за ова кога ќе имаат потврда дека може да вршат пренос ќе ве известиме дополнително на вардар фанс.  Избраниците на Седлоски ќе се обидат да дојдат до шестата последователна победа во ПМФЛ против “гипсарите“ кои имаат лош старт на сезоната и се во зоната на испаѓање со само еден освоен бод во досегашниот дел на првенството.