Како што информираат од нашиот фудбалски колектив ерменскиот интернационалец Артур Миранјан повеќе не е член на црвено – црните.
Фудбалскиот клуб Вардар информира дека со овој фудбалер спогодбено го раскинаа договорот, со што интернационалецот од Ерменија е слободен играч. Артур дојде кај нас од тимот на Шахтјор Доњецк каде беше повремено повикуван во сениорската екипа али пред се играше во помладите категории. Искрено овој ерменски инернационалец за разлика од Хоф и Дашјан не така добро се снајде во нашиот тим имаше повремени блесоци ,но сериозно не се наметна ни кај Андреев ни кај Седлоски. Во ерменската младинска селекција имаше чести повици и еднаш беше и дел од сениорскиот состав за мечот со Португалија и ако имаше доста мала минутажа кај нас.
Како и да е Артур Миранјан со среќа во иднина фала што беше дел од нашиот миленик и вгради одреден дел во минатогодишната титула во ПМФЛ.
фото:фквардар.мк