Wednesday ,22 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Џиџи и Ренова на гости кај Вардар
Џиџи и Ренова на гости кај Вардар

Џиџи и Ренова на гости кај Вардар

Вардар пречекува уште еден тим од Тетово во Маџари. Попладнево гостува тетовска Ренова во рамките на единаесеттото коло од ПМФЛ.

Денеска Ренова ќе ја предводи некогашниот тренер на црвено – црните Никола Илиевски – Џиџи, кој втор натпревар ќе седи на клупата на тетовчани. Покрај Џиџи, во тимот на Ренова има уште еден екс вардарец. Голманот Кобетиќ денеска ќе биде прва опција помеѓу стативите на противникот. На денешниот дуел Вардар ќе треба посебно внимание да обрати на супер талентираниот млад играч Влатко Стојановски кој досега има постигнато седум погодоци и е втор најдобар стрелец во шампионатот.

Кога сме кај нашиот тим пак, и денеска нема да настапат Јуфо, Барсегјан, Максимов и Исени. Со сигурност нападот ќе го предводи Вилијан Лира, а дали ќе има промени по крилните позиции останува да видиме.

Дуелот започнува со почеток од 13;30 часот.