Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шишкарев постигна повеќе од половина голови за Русија, во тримфот против Словачка
Шишкарев постигна повеќе од половина голови за Русија, во тримфот против Словачка

Шишкарев постигна повеќе од половина голови за Русија, во тримфот против Словачка

Ракометната репрезентација на Русија ја забележа и втората победа во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2020 година. Во неизвесен меч, избраниците на Кокшаров и Периќ беа подобри од репрезентацијата на Словачка , совладувајќи ја минимално со резултат 21:22.

Само еднаш во првото полувреме, гостинската селекција на Русија имаше предност (2:3), по што следеше серија на Словаците од 3:0 за да ја превземат предноста која беше во нивна корист до истекот на првите 30 минути. Во два наврати Словачка имаше највисоко водство од три гола разлика, додека Русија намали и на еден гол во еден момент од мечот. Сепак на полувреме, домаќинот замина со предност од два гола разлика (12:10).

Намали Русија на стартот на вториот дел на 12:11, но Словачка постигна два последователни голови и зголеми на 14:11. Беше и 15:12, но избраниците на Кокшаров со серија од 1:4 успеваат после подолго време да го израмнат резултатот на 16:16. Следеше неефикасен период на двете страни, во кој подобро се снајде Русија. Се играше гол за гол на двете страни, а Русија се покажа како поприсебна во финишот од дуелот. На крајот минимална победа за Русија со резултат 21:22.

Повеќе од половина погодоци за Русија беа дело на вардаровото десно крило, Данил Шишкарев, кој успеа да постигне дури 13 голови. Дибиров беше стрелец на 3 гола, додека Кисељев и Калараш го завршија мечот без погодок.