Сакате да ги запознаете ракометарите на Вардар, новите и оние што се неразделен дел од тимот, што сезонава на клубот му донесоа многу радости и победи? Да се фотографирате со некои од нив? Да добиете автограм на својата маичка или некој друг ваш сувенир? Или пак да ги прашате за претходните успеси, за титулата во Лигата на шампионите или четирите во СЕХА Газпром лигата.
Местото на дружење е трговскиот центар Сити Мол. На 31 октомври токму пред продолжението на вториот дел од групната фаза на Лигата на шампионите, Вардар ве кани на заедничко дружење и забава. да ги запознете одблизу вашите идоли, да ги прашате нешто или пак да ги гушнете. И тоа е дозволено. За правење селфија нема проблем. Се’ ќе биде во знакот на „црвено-црните”.
Дента од 10 часот ќе биде отворен штандот на Вардар за продажба на билети за натпреварот од Лигата на шампионите со Мешков Брест. Средбата е закажана за 3 ноември во СЦ „Јане Сандански”.
Првите 100 лица што ќе купат влезница за натпреварот ќе добијат и ваучер за 30 отсто попуст во Фан шопот на Вардар што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански”, И плус бесплатен билет за средбата од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар и Нексе (натпреварот е закажан за 6 ноември во Скопје)
Штандот за продажба на билети ќе биде пред маркетот во Сити Мол, и ќе биде отворен во текот на целиот ден на 31 октомври.
И не само тоа. Ќе има уште многу други награди, забава, дружење, музика со Ди Џеј и изненадувања за посетителите. Сите што ќе учествуваат во некоја од забавните игри што ќе бидат организирани ќе добијат бесплатен билет за средбата од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар и Нексе.
Дојдете навреме во Сити Мол. Ракометарите ќе пристигнат во 19 часот и ќе останат за вас заедно да се подготвиме за натпреварот со Мешков Брест со кој го почнуваме вториот дел од сезоната и новите пет натпревари во Лигата на шампионите.