Во наредниве три дена, генерациите на ФК Вардар ќе ги одиграат реванш натпреварите од четврт-финалето во Купот на Македонија.
Генерацијата 2005 на ФК Вардар денес со почеток од 12:00 часот на теренот на Академијата ќе го одигра возвратниот дуел против екипата на Академија Пандев. По првиот меч одигран во Струмица, црвено-црните имаат предност од 2:3.
Генерацијата 2006 утре гостува во Штип кај екипата на Постолов Пандев, каде ќе се обиде да ја сочува предноста од два гола, која ја стекна на првиот дуел одигран на домашен терен. Натпреварот ќе стартува од 13:00 часот.
Активни ќе бидат и пионерските екипи, кои во Прилеп ги играат реваншите од 1/4 финалето во Купот. Помладите пионери на Вардар имаат предност од 2:1 по првиот меч, додека пионерите имаат високо водство од 4:0. Натпреварите во четврток ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.
Кадетите ќе се обидат да ја надокнат негативата од еден гол против екипата на Њу Старс и да се пласираат во следната рунда од Купот. Реванш мечот против Њу Старс е закажан да се одигра во четврток со почеток од 11 часот на теренот во населбата Јане Сандански.
Својот прв меч од 1/4 финалето на Купот ќе го одиграат младинците, кои гостуваат во Тетово на екипата на Шкендија. Дуелот ќе се одигра во среда во терминот од 14:00 часот.