Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Резервистите на ФК Вардар поразени од Ерменски Улисес
Резервистите на ФК Вардар поразени од Ерменски Улисес

Резервистите на ФК Вардар поразени од Ерменски Улисес

Вардар се одлучи денес да одигра две контролки на предпоследниот ден во Анталија. Прв дуел утрово во 10-00 на теренот Каја Белек Вардарци го одиграа со тимот на Улисес . На кој за жал беа поразени ова е втор пораз едноподруго. Но треба да се нагласи дека за нашиот тим настапи со играчите кој имаа помала минутажа се со цел да имаат шанса да се наметнат за првите 11 кај Рускиот стратег на клупата на Црвено – Црните Сергеј Андреев.

Вардар: Павловиќ, Грозданоски, Бојовиќ, Најдоски, Асани, Деспотовски, Спировски, Петров, Ибричиќ, Миранјан, Петковски.
Другите играчи се на полесен тренинг во исчекување на потешкиот дуел денеска од 15-30 часот со Водечката екипа во Словачката лига Жилина . Тимот на Улисес е исто така лидер на полусезоната во нивната Ерменска лига .

Првото полувреме заврши со почетниот резултат 0-0 без поголеми потреси во еден цврст меч . На полувреме Тренерот Андреев ја направи измената на голманската позиција . На место на Игор Павловиќ влезе Кобетиќ кој двапати капитулираше во почетните десетина минути . Вториот гол за противниците беше постигнат со удат од 11 метри . Вардар по водството на Ерменците се потруди и успеа брзо во 61 минута да намали на 1-2 . Стрелец на овој гол за Црвено-Црните беше Петковски . Надежта за поволен резултат ја урнаа Ерменците со погодок во Вардаровата мрежа во 81 минута за зголемување на водството на 3-1 . За жал Вардарци не успеа после овој погодок да се вратат и барем да го ублажат поразот .

 

Во 15-30 низ директен пренос на сајтот на Вардар следете го вториот меч со тимот на Жилина .