Голема битка за второто место во групата Ц ќе се води помеѓу екипите на Вардар и Рајн-Некар Левен. Натпреварот се игра во сабота со почеток 21:00. Првиот натпревар одигран меѓу овие две екипи во Јане Сандански заврши со победа на Вардар.
Во двете екипи , играат и едни од најдобрите леви крила во светот. Тимур Дибиров е најефикасен кај Вардар, со вкупно 63 голови. Од другата страна Уве Геншејмер има постигнато 43 гола.
-Очекувам тежок натпревар. Пред себе имаме многу силен противник, кој атакува на првото место во Бундес Лигата. Посебно добро играат на домашен терен. Шансите се 50-50, кој ќе биде подобар во одбраната, тој и ќе победи. Расположението во екипата е на одлично ниво. Одиме на победа на овој меч, изјави Тимур Дибиров за нашиот сајт.
Двете екипи ги имаат и најдобрите голмани. Кај нас Арпад Штербик, кај нив Никлас Ландин.
Звонко Ивановски