Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Посебен сообраќаен режим за мечот Вардар-Динамо, ќе бидат затворени неколку улици
Посебен сообраќаен режим за мечот Вардар-Динамо, ќе бидат затворени неколку улици

Посебен сообраќаен режим за мечот Вардар-Динамо, ќе бидат затворени неколку улици

Вечерашниот дуел во шампионската лига помеѓу Вардар и хрватскиот шампион Динамо Загреб предизвикува посебен интерес помеѓу скопската и македонската јавност и на истиот се очекува голема посетеност. Затоа е одлучено од органите кои го регулираат сообраќаат во нашиот главен град Скопје да има посебен режим на движење околу најдолемиот македонски стадион Арената “Филип втори“.

Од причина што се очекува зголемен интензитет на сообраќајот ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно започнувајќи од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта III“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници. Во периодот по 19 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и интензитет на сообраќајот ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“. Поради ова, од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.