Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > Комити > Градски ќе биде обоен црвено-црно, досега над 20.000 карти продадени
Градски ќе биде обоен црвено-црно, досега над 20.000 карти продадени

Градски ќе биде обоен црвено-црно, досега над 20.000 карти продадени

Неспорно е дека вечер во арената “Филип втори“ ќе врие како во кошница, се знае игра Вардар во европско натпреварување и самиот тој факт носи  интересот за мечот да биде  огромен. Се сеќаваме на одличните посети со Бате Борисов и АПОЕЛ кога стадионот пулсираше во црвено-црните свети бои така ќе биде и вечерва на меч со познаникот од ех ју лигата загребски Динамо.

Западот е резервиран за најверните навивачи на црвено-црните Комити кои се очекува повторно да бидат во елемент како и на секој европски натпревар на ФК Вардар, со одлична бројка, бучно навивање, кореографии и девеесет минутно бодрење на нивниот црвено-црн љубимец. Тие се собираат 17-30 кај Соборниот храм во Скопје од каде ќе прават кортео по скопските улици се до влезот од нивната трибина. Исток е целосно резервиран за гостите од Загреб за него нема билети во продажба и се очекува околу 200-300 навивачи на “модрите“ да се стационираат на таа трибина. Продажбата за големите тринини (Југ и Север) досега оди одлично има останато во продажба уште неколку илјади карти кои се очекува поголем дел од нив да бидат продадени пред почетокот од дуелот. На Вардар му требаме како никогаш досега затоа вечер сите во еден глас да го бодриме нашиот: шампион, миленик и живот ВАРДАР.