Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Вардар во шампионската 1986/87 го совлада Динамо за прослава на есенската круна, нека се повтори денес овој меч
(ВИДЕО) Вардар во шампионската 1986/87 го совлада Динамо за прослава на есенската круна, нека се повтори денес овој меч

(ВИДЕО) Вардар во шампионската 1986/87 го совлада Динамо за прослава на есенската круна, нека се повтори денес овој меч

Противникот на Вардар во квалификациите од ЛШ е во името на славниот хрватски тим, и најтрофеен клуб Динамо Загреб, вечерва во 20-45часот овие два екс ју познаници ќе искочат повторно на “мегдан“. Вардар и Динамо во својата историја се имаат судрено едни против други на повеќе наврати, а секогаш кога сме играле, натпреварите нуделе изедначена и беспрекорна борба и од двете страни, очекуваме нешто слично да биде и овој пат, се надеваме дека нашите момци ќе го остават срцето на теренот. Во 1986/87 онаа славна генерација на Вардар го надигра во целост тимот на Динамо во Скопје, и со победа стана есенски шампион на Југославија, а потоа и стана шампион на Југославија. Погледнете го овој видео клип, се надеваме вечер на една ваква “реприза“ и на теренот и на трибините.