Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ Куп: Жрк Вардар јуниор е носител и доби директен настап во 3.коло
Челинџ Куп: Жрк Вардар јуниор  е носител и  доби директен настап  во 3.коло

Челинџ Куп: Жрк Вардар јуниор е носител и доби директен настап во 3.коло

ЕХФ ги објави имињата и барабаните на екипите што ќе играат сезонава во ЕХФ натпреварувањето “Челинџ Куп“, а вардарки се сместени меѓу носители и директно ќе играат во 3 коло. Во ждрепката за 3 коло ќе има вкупно 32 екипи, и истата ќе биде на 19 јули. Првите мечеви  би требало да се играат на 12/13 ноември, а реваншите една недела подоцна. Мината сезона  младите вардарки играа во Купот Челинџ и стигнавме до четвртфиналето. На 6 натпревари постигнавме пет победи, и токму поразот во Украина кај Карпати беше причината што не стигнавме до полуфиналето.

Годинава  повторно ќе имаме шанса да се бориме за постигнување на уште подобар резултат во европските купови, можни противнички за избраничките на Симе Симовски се :

Даниловград (Црна Гора)
Макаби Рамат (Израел)
Олимпија (В.Британија)
ХИФК (Финска)
Мира Пједор (БиХ)
Јоми Салерно (Италија)
Мулнер Бау Штокерау (Австрија)
Фемине Висе (Белгија)
Свиленград (Бугарија)
Мамули (Грузија)
Просетекника БМ Зуазо (Шпанија)
Дњепрјанка (Украина)
На оваа група треба да се приклучат и четири победници од 2 коло.