Две наши Вардарови генерации учествуваа на третото издание на силниот меѓународен турнир во Благоевград (Бугарија). Во конкуренција на силни екипи, Фк Вардар генерација “2004“ го освои четвртото место, додека генерација “2003“ заврши на шестото место.
-Овој турнир претставуваше големо искуство за мене и моите соиграчи. Остваривме одличен резултат со освојување на 4 место, ова беше јак турнир на кој учествуваа многу познати екипи од Балканот. Одлично се прикажавме и мислам дека ова е голем успех за нас.
Најдобар стрелец во својата екипа, беше токму Марио Ричков, кој успеа да постигне 3 голови за Вардар на целиот турнир. Марио е помал брат на Андреј Ричков, кој настапува за младинците на Вардар.
-Исто така постигнав најмногу голови за својата екипа, што претставува дополнителен поттик за понатаму. Организацијата беше на високо ниво, имаше голема дружба со другите екипи. Бевме во ист хотел цело време и остваривме многу пријателства, изјави Марио Ричков за Вардар Фанс.
Фото: Fer Plej cup
Звонко Ивановски.