Последното засилување за ФК Вардар, Никола Ристески, ќе почека на своето деби во црвено-црниот дрес.
Со оглед дека летово Ристески направи трансфер од Работнички во екипата на Ренова, ова за него беше второ преминување во друг клуб, па според правилата на ФФМ, ќе нема право да игра во следните два месеци.
Тоа значи дека Ристески својот прв натпревар во дресот на Вардар ќе го има во месец декември. За десниот бек ова е практично враќање во Вардар, со оглед дека во минатото ги има поминато младинските категории на клубот.