Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Марјан Ристовски е нов играч на ФК Вардар
Марјан Ристовски е нов играч на ФК Вардар

Марјан Ристовски е нов играч на ФК Вардар

ФК Вардар на својата официјална страница го претстави своето ново засилување.

Марјан Ристовски е нов фудбалер на ФК Вардар. 27 годишниот крилен играч, доаѓа од екипата на Силекс, со која постигнавме обострано прифатлив договор.

Во досегашната кариера има настапувано и за екипите на Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф. Во ПМФЛ има забележано 106 настапи на кои има постигнато 17 голови и 18 асистенции.

Добредојде во црвено црното семејство Марјан!