По подготовките во Гевгелија, Вардарци деновиве ги одработуваат последните тренинзи во Скопје, пред заминувањето во Анталија, каде што нашата екипа ќе престојува во период од 27.01 до 07.02.2024 година.
Главниот дел од зимските подготовки, стручниот штаб ќе ги искористи за воигрување на речиси комплетираната екипа, а секако ќе се обрне внимание и на физичката и тактичка подготвеност, на која стручниот штаб на чело со тренерот Горазд Михаилов, особено ќе обрне внимание.
На подготовките во Анталија, ФК Вардар ќе одигра и пет пријателски натпревари, кои веќе се договорени, а низ кои ќе се брка посакуваната форма пред почетокот на втората полусезона од ПМФЛ.
Распоред на натпреварите: