ФК Вардар на својата официјална страница претстави ново засилување за клубот:
23 годишниот голман Методија Велковски е нов играч на ФК Вардар.
Потекнува од нашата фудбалска академија, а во досегашниот тек на својата кариера беше дел од екипите на Силекс, Струга, Осогово и Кадино.
Велкоски воедно ги има поминато и сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија.
Добредојде во црвено црното семејство Методија!
Да напоменеме дека како младинец во Вардар беше капитен на црвено-црните, потоа собираше сениорско искуство пред повторно да се врати дома.