Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Манчини: Во вториот дел Вардар играше допадливо
Манчини: Во вториот дел Вардар играше допадливо

Манчини: Во вториот дел Вардар играше допадливо

Италијанскиот стратег на клупата на Зенит, Роберто Манчини, по победата на неговиот тим даде и пофални зборови за тимот на Вардар, односно како вчера го одиграле натпреварот против неговиот тим. Искусниот стратег рече дека Вардар во вториот дел играл допадливо.

Иако игравме со комбиниран тим најважно е дека победивме. Бевме квалитетни особено во првиот дел, во кој дадовме два гола и го решивме дуелот. Во вториот дел Вардар играше допадливо, но сепак мислам дека нашата победа е заслужена. Не реализиравме зрели шанси, а исто така не погодивме и пенал- рече Манчини.