Во недела ќе биде одиграно 12 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардаровите генерации ќе биде екипата на Шкендија. Интересно домашните натпревари против Шкендија, кадетите и младинците ќе ги одиграат во недела, во вечерни термини од 18 и 20 часот, додека пионерските екипи истиов ден гостуваат во Тетово, во термини од 10 и 12 часот.
Помладите пионери се единствената Вардарова генерација која се уште е без пораз во првенството и која е лидер на табелата во својата возрасна категорија. Избраниците на Сашо Тодоровски имаат десет победи и еден нерешен резултат и имаат девет бодови повеќе од прилепска Победа која е на второто место и дури единаесет повеќе од екипата на Работнички. Ова ќе биде второ соочување на овие две екипи оваа сезона, откако првот меч се одигра на теренот во населбата Јане Сандански, во рамките на третото коло, кога Вардарци славеа убедливо со резултат од 4:1. На тој натпревар екипата на Вардар ја водеше Љупчо Марковски, кој беше негов последен меч на клупата на оваа генерација. Вчера помладите пионери доживеа незгоден пораз, во рамките од 1/4 на националниот куп, кој беше прв оваа сезона за оваа генерација, тие загубија од Еуроспорт на реванш натпреварот (3:0), но поради домашниот триумф од 4:0 успеавме да се пласираме во полуфиналето на ова натпреварување. Се надеваме дека овој пораз нема лошо да се одрази врз нашиот состав, кој во сабота има многу тешко гостување.
Радува добрата форма и на пионерите, кои на последните четири одигра натпревари имаат исто толку победи. Од нив две се во рамките на четврфиналето од купот, каде ја совладавме екипата на Македонија Ѓ.П, додека во рамките на 10 и 11 првенствено коло издвојувавме победи против тимовите на Ренова и Работнички. На првиот натпревар одигран на домашен терен, во еден интересен натпревар, двете екипи ги поделија бодовите (3:3), откако Вардарци се враќаа од негатива од 0:2, а во вториот дел и при 2:3, сепак на крај се изборија за бод на овој дуел.
Кадетите заостануваат десет бода од следниот противник, а тоа е екипата на Шкендија која е лидер во оваа возрасна генерација. На првиот меч одигран во Тетово, одигравме со нерешен резултат (1:1). Истава екипа е и наш противник во четвртфиналето во националниот куп, а веќе го одигравме првиот натпревар и тоа на теренот на противникот, каде загубивме минимално со резултат 2:1. Реваншот е закажан за 29-ти ноември на теренот на Академија, каде ќе се одигра и неделниот меч, во рамките на 12 првенствено коло. Интересно за прв пат сезонава ќе играме во вечерен термин од 18:00 часот. Избраниците на Влатко Колев пред одигрување на ова коло имаат вкупно пет победи, три нерешени резултати и два порази.
После нерешениот резултат во дербито против екипата на Работнички, младинците на Вардар ги очекува уште еден дерби дуел и повторно на домашен терен, а противник е тимот на Шкендија. И тука бодовната разлика е убедлива, десет бодови во корист на екипата од Тетово, која има и натпревар помалку од нашиот состав. Доколку сакаме да фатиме приклучок во борбата за титулата, потребна е победа за нашите младинци. Шест победи, еден нерешен резултат и три порази имаат избраниците на Петар Ѓорѓиевски, и еден заостанат натпревар кој допрва треба да го одиграат против екипата на Ренова. Дуелот со Шкендија, во недела започнува од 20:00 часот.