Денес на теренот на академијата натпревар во рамките на 18 коло од регионалната-скопска лига одиграа екипите на Вардар и Ново Лисиче, кај генерација родени “2003“ година.
Тренерот Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Бајрами, Трпезановски, Бошески, Б.Петковски, Петрушевски, Н. Петковски, Јордановски, Пашариковски, Тасески, Јаневски, Младеновиќ.
Првата шанса на мечот ја имаше Иван Пашариковски, кој со глава бие покрај голот на противникот. Со исклучок на Младеновиќ, ова беше втората постава на оваа генерација на Вардар, која денес излезе на теренот. Имаше течна игра, по средината на теренот, но без некои поголеми шанси за постигнување гол и отварање на резултатот од наша страна. За разлика од Вардар, Ново Лисиче создаде неколку прилики, од кои ниту една не беше искористена. Во три наврати нашиот голман Сејди ја спаси мрежата и негатива за црвено-црните. Можеби најубавата прилика кај нас ја имаше Благоја Јаневски кој не се снајде најдобро и биеше покрај голот на Н.Лисиче. Имаше госстинската екипа убава шанса , кога еден од нивните играчи излезе сам со нашиот голман, кој бие над голот. За одбележување е погодената пречка на Ново Лисиче, кои немаа среќа во тој момент. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.
На стартот на второто полувреме направени неколку измени во нашиот состав. Во игра влегоа Стојановски, Јовановски, Хасани и Јовчев, на местото на Трпезановски, Петрушевски, Бајрами, Младеновиќ. Прв удар во вториот дел имаше Јордановски, кој бие слабо безопасно кон противничкиот гол. Нова прилика имаше Јаневски, кој имаше отворен простор, но само над голот. Сепак истиов играч, Благоја Јаневски успева да погоди за 1:0, на асистенција на нововлезениот Прелоговски.
Нови играчи на теренот во нашите редови беа Прелоговски, Мирков, Сељанац и Андреев. Подобра игра во вториот дел, вродува со нова шанса на Сељанац кој од непосредна близина бие покрај голот на Н.Лисиче. Противникот успева да го израмни резултатот на 1:1, од голема далечина бие еден од противничките играчи, доцни со реакција Јовчев. Не траеше долго радоста на гостинската екипа, бидејќи Антонио Мирков со евро гол од голема далечина ја заковува топката под пречката, која завршува во мрежата, за водство од 2:1. Набргу и нови голови во мрежата на Ново Лисиче, стрелец на двата погодоци беа дело на Дамјан Андреев за предност од 4:1. Продолживме со нападите во овој дел од мечот, по што следи нов погодок и тоа прв за Дарио Јовановски, за вќе убедливо водство од 5:1. Ова беше и конечен резултат на крајот од натпреварот.