Минатиот викенд со победата на црвено-црните против Македонија Ѓоре Петров станавме шампиони на Македонија во првата фудбалска лига во сезоната 2016/2017 година. До крајот на сезоната остануваат четири кола кој се чиста формалност, првиот предизвик е веќе утре кога играме градско дерби.
Во скопското дерби нашиот ФК Вардар е домаќин на “романтичарите“ од Градски парк. Фудбалската федерација ги одреди судиите за ова коло, па така Марјан Ецкоски од Охрид е делегиран за скопското дерби помеѓу Работнички и нашиот шампион. Истото ќе се игра утре со почеток во 16-00 часот.