Утре во спортскиот рекреативен центар Кале ќе се одигра дербито во првата ракометна лига, помеѓу екипите на Вардар и Младост. Тоа е меч кој може да го реши патникот во најсилната супер-лига за следната натпреварувачка сезона. Пред овој дуел, екипата од Богданци има три бода повеќе од младиот состав на Зоран Петковски. Токму Младост успеа да ни го нанесе единствениот пораз оваа сезона, откако на гостувањето во Богданци славеше противникот со резултат 27:20. Тие се фаворити и во пресрет на овој натпревар, со оглед дека во екипата има поранешни репрезентативци, како Митко Стоилов и Узунчев.
Младоста и борбеноста се главните одлики кои ги краси Вардарци, кои ќе се обидат да направат изненадување на овој натпревар. Мечот во недела започнува во 14 часот.