Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Против Брегалница в сабота од 13-30ч
Против Брегалница в сабота од 13-30ч

Против Брегалница в сабота од 13-30ч

13 Првенствено коло од првата македонска фудбалска лига ќе претрпи мали измени. Место во стандардниот термив в недела од 13 часот и 30 минути, овој викенд сите прволигашки натпревари ќе се одиграат ден порано, односно в сабота со почеток во 13 часот и 30 минути.

Нашиот тим од денеска ја стартуваше новата мисија наречена Брегалница. Нашите момци по два дена одмор, од денеска почнаа со тренинзи и подготовки за саботниот меч. Нашиот тим мора да влезе претпазливо и 100% на овој натпревар, бидејќи доколку не дадеме гол навреме, може да ни се случи истата ситуација како со Победа, па да мора да се “вадиме” на крајот од мечот. Инаку, натпреварот ќе биде одигран на Стадионот во Кочани.