Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардаровиот напад најопасен во ЛШ
Вардаровиот напад најопасен во ЛШ

Вардаровиот напад најопасен во ЛШ

Веќе зад нас се три рунди од ракометната лига на шампиони, а викендов не очекува и нова, четврта рунда. Девојките на Вардар по три одиграни рунди имаат биланс од две победи и една нерешена средба. Вардарки по овие одиграни три рунди можат да се пофалат со две важни вести.

Како што информиравме вчера, врвот на листата на стрелци ја предводи нашата Андреа Пенезиќ. Но, тоа не е се кога е во прашање врвот во ЛШ. Вардаровите девојки го имаат најдобриот напад во лигата на шампионите. Нашите девојки досега успеаа да дадат дури 99 погодоци, и се на само еден од 100-ка Во овој сегмент сме далеку напред пред останатите екипи. За мала споредба: Ѓер има дадено 86 погодоци досега, потоа ФТЦ Будимпешта има дадено 85, додека пак Есбјерг со 84 е на четвртото место.