Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во Кичево по победа, и титула!
Во Кичево по победа, и титула!

Во Кичево по победа, и титула!

Денес од 16 часот и 30 минути нашите момци ја имаат првата од трите меч топки. Доколку одиграат еден машки натпревар, уште денеска ќе славиме нова титула во шампионатот на Македонија.
Сите знаеме поради кои причини натпреварот беше одложен, и презакажан за во Кичево денеска. Натпреварот ќе се одигра без присуство на публика.

Нашите момци се спремни за докажување, и ветуваат максимум од себе, на своите верни навивачи да им поклонат нешто значајно, во овие тажни денови во нашата држава.
Играј ВАРДАР за нас!
Од срце!