Втората екипа на Жрк Вардар забележа нова победа во рамките на Скопско-Супер лигата. Во малата сала во С.Ц. Јане Сандански беше издвојуван триумф против екипата на Жито Прилеп. Конечниот резултат беше 36:25.
Само во првите 15 минути, гостинките од Прилеп успеваа да се надигруваат со нашите девојки, кога и воспоставуваа резултатска рамнотежа. При крајот на првиот дел, црвено-црните заиграа помотивирано, за на полувреме да заминат со предност од 17:13.
Клучната разлика беше направена на стартот на вторите 30 минути, кога направивме серија од 5:0. До крајот на натпреварот само ја зголемувавме предноста, која на крајот беше изразена во високи 11 гола позитива. Во нашите редови најефикасна беше Трпковска која постигна 6 голови. Еден помалку, односно 5 имаше Ангеловска.
ЖРК Вардар: Белмезова, Прленда 3, Петровска 1, Ангеловска 5, Трпковска 6, Николовска 2, Бојаџиевска, Ладева, Тодоровска 4, Нолевска 5, Трајчевска, Џини 4, Керамитчиева 2, Мишевска, Трајчевска 1, Гичевска 3