Младинците на Рк Вардар се Шампиони на Македонија во својата категорија. Со тоа ја одбранија титулата, освоена минатата сезона. До овој трофеј дојдоа со две победи на завршниот турнир, кој се играше во Автокоманда. Најпрво во полуфиналето беа подобри од Тинекс Пролет, за во големото финале на убедлив начин да го освојат трофејот во националното првенство.
-На овогодинешниот Ф4 го дадовме својот максимум и достоинствено онака како што ни доликува нам на Вардарци, извојувавме победи и еве денес сме повторно Младински прваци на Македонија. Водени од тоа дека никогаш не треба да го потценуваме противникот, во полуфиналето игравме против екипата на РК Тинекс Пролет.Тоа беше доста тежок и докрај неизвесен меч кој резултираше во наша корист, а во финалето против екипата на РК Прилеп, рутински и во наш стил извојувавме убедлива победа од 10 гола разлика. Со тоа ја одбранивме титулата од минатата година и сметам дека засужено повторно го подигнуваме овој пехар. За сите нас ова значи поттик, висока самодоверба и сатисфакција за следни успеси.
Двајца играчи на црвено-црните се најдоа во идеалниот состав на завршниот турнир. Стефан Трпчевски е најдобар десен бек и Тоше Ончев за најдобар лев бек.
-Од овој Ф4 излегов како најдобар стрелец во финалето, со 10 постигнати голови и секако најдобар десен бек во Младинската конкуренција. Зад целиот мој успех стои пред се мојата желба и љубов кон ракометот, работата, трудот и напорните тренинзи, со сите мои соиграчи и секако тренерот Стојан Петрушевски, изјави Трпчевски за нашиот сајт.
Да напоменеме дека оваа генерација без ниеден пораз ја заврши сезоната, што говори за нивната супериорност. Очекуваме во следната сезона, некои од овие момци да бидат вклучени во вториот тим на Вардар.
Звонко Ивановски