Црвено-црните се ново-стари Шампиони на Македонија во младинска конкуренција. Избраниците на Стојан Петрушевски се победници на завршниот турнир на најдобрите четири екипи, кој вчера се играше во Автокоманда. Во големото финале, Вардар го декласираше тимот на Рк Прилеп, совладувајќи ги со резултат 28:18. Само на моменти екипата од Прилеп се доближуваше до предноста на нашите младинци. По првото полувреме резултатот беше 16:12 за Вардар, во овој дел противникот успеваше некако да воспостави резултатска рамнотежа.
На почетокот на второто полувреме, Прилеп направи серија од 0:3 за намалување на предноста од 16:15. Од тој момент на теренот играше само една екипа, тоа беше нашиот тим кој успеа да направи неверојатна серија од 9:1. Овој период беше клучен за конечната висока победа на Вардарци. Противникот не успеа да се врати во игра ,а црвено-црните го “дотолчаа“ противникот. Стефан Трпчевски беше најефикасен постигнувајќи 9 голови. Тоше Ончев постигна 6, а еден помалку Томи Јагуриновски. На овој начин младинците на Вардар ја одбранија титулата од минатата сезона и тоа на теренот на Металург. Сините од Автокоманда непријатно беа изненадени и поразени токму од Прилеп во полуфиналето.
Вардар пред овој дуел, го одигра своето полуфинале со Тинекс Пролет. Во една неизвесна и пред се тешка борба, Црвено-црните се радуваа, забележувајќи триумф со само еден гол разлика (18:17). Иако на полувреме имавме негатива од два погодоци(8:10). Ончев и Димовски постигнаа 6 погодоци.
Инаку најдобар ракометар е прогласен Никола Петрески од Прилеп, најдобар стрелец е Мице Шилегов од Металург, а најдобар голман Кристијан Христо од Пролет.
Во ол-стар тимот се најдоа Кристијан Христо (Пролет) – голман, Кристијан Спасоски (Прилеп) – лево крило, Тоше Ончев (Вардар) – леб бек, Димитар Димитровски (Металург) – среден бек, Стефан Трпчевски (Вардар) – десен бек, Никола Петрески (Прилеп) – десно крило, Мирко Огненовски (Пролет) – пивот.