Андреа Пенезиќ е вистински бисер во црвено-црниот тим , таа ги “жнее“ наградите на ЕХФ . Нејзините 102 постигнати гола во женскиот сегмент Лигата на шампионите и прекрасните игри не остануваат незабалежани и ненаградени.
Таа заедно со Неагу од Будуќност ја понесоа наградата за најдобар стрлец во оваа сезона 2014/2015 со постигнати импресивни 102 гола. Покрај тоа Андреа е одбрана и во изборот на трите најголеми ѕвезди на завршниот турнир во Будимпешта. Заедно со Пенезиќ во истиот избор се најдоа и Нора Мерк од Ларвик и Клара Волтеринг од шампионот на Европа Црногорскиот тим Будуќност која воедно е и МВП на Ф-4 турнирот во Л.Ш. Видео запис од изборот на трите најголеми ѕвезди на настанот во Будимпешта може да го погледнете – ТУКА