Перипетиите околу последните три кола во Првата Македонска лига се се поголеми и како по правило ФК Вардар е жртва на несреќни решенија. За двата следни дуели со екипите од Тетово Шкендија и Ренова навивачите на црвено-црните се скратени со можност да ги следат онака како што треба од првиот нема пренос а вториот не се игра на Арената Филип Втори .
Така мечот со Шкендија кој беше одкажан во Куманово е закажан за утре во Кичево. Првин ФФМ одлучи да нема публика на истиот заради безбедосниот ризик кој го носи мечот. Второ МТВ кој имаше најавено пренос од мечот во неделата се одкажа од пренесување во новиот термин и како алтернатива ќе има снимка на собранискиот канал со почеток во 21-00 часот. И клубот нема да има видео-стрим од мечот за да не биде залудна снимката на МТВ кој овој меч го имаат како резервирано како медиум кој ќе го покрива истиот.
Но не е само мечот со Шкендија жртва на актуелната ситуација и поставеноста во Мак фудбалот и следниот последен меч дома со Ренова има своја “темна дамка“. Истиот ќе се игра на ФФМ теренот во комплексот во Ново Лисиче. Причина последните три кола од ПМФЛ треба да се играат сите мечеви во исто време па Работнички ја доби предноста да ја користи Арената Филип Втори , а црвено-црните им останува алтернетивата ФФМ теренот.
П.С Постои мала шанса, но сепак постои да има на фквардар.мк стрим ако ФФм и МТВ дадат согласот за истото !