Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Само победа во мислите, и попладнево без Брдаровски
Само победа во мислите, и попладнево без Брдаровски

Само победа во мислите, и попладнево без Брдаровски

Денеска се игра ново коло во ПМФЛ. Вардар овој викенд повторно е домаќин на тим од Тетово, овој пат на Ренова. Вардарци на попладневниот натпревар ќе имаат голем мотив за победа бидејќи Ренова на стартот од пролетниот дел ги порази катастрофално и засега најубедливо во својата историја со високи 4:0. Исто така денеска Вардар ќе сака со победа да стави печат на првите три места и на само седум кола до крајот речиси и да обезбеди излез во Европа ова лето.

На денешната средба Васоски одново нема да може да смета на Владица Брдаровски и Горан Попов, додека пак сите други играчи се подготвени за игра. Очекуваме еден интересен дуел попладнево во Маџари, тврд, но на крајот со победа на нашиот тим.

Веројатен состав: Гачевски, Новак, Манев, Тошевски, Жуниор, Мицевски, Најдовски, Фелипе, Цветаноски, Аврамовски и Лира.