Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Црвено-црната пионерска чета „маршира“ кон перфекција, Гостивар лесен плен за вардарки кои имаат 9/9
Црвено-црната пионерска чета „маршира“ кон перфекција, Гостивар лесен плен за вардарки кои имаат 9/9

Црвено-црната пионерска чета „маршира“ кон перфекција, Гостивар лесен плен за вардарки кои имаат 9/9

Нивниот „марш“ во најмладата женска конкуренција е перфектен. Пионерките на ракометниот клуб Вардар стигнаа до нова, вкупно 9.победа од исто толку одиграни мечеви, во рамките на пионерската лига. Денес избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева гостуваа во Гостивар, кај истоимената екипа, која ја совладаа убедливо со резултат 7:36.

Резултатот по првото полувреме говори за одразот на силите на овој меч од пионерската лига. Едноставно вардарки и на овој меч немаа проблеми да запишат нови три бода на нивното „конто“. Интересно, домашниот тим на ГРК Гостивар не успеа да постигне ниту еден гол во првите 20 минути, во кои резултатот на семафорот гласеше 0:17.

Конечно на стартот на вториот дел стигна и првиот гол за противникот, на кој нашите девојки одговорија со серија од 0:3, за веќе да имаат предност од 1:20. Нерамноправен дуел на кој нашиот тренер, Анжела Платон шанса за игра им даде на сите ракометарки кои и беа на располагање за денешниот дуел. Интересно и сите играчи кај Вардар, освен голманките и само Коловска, не успеаа да се запишат во листата на стрелци. Како одминуваше натпреварот се повеќе растеше предноста во наша корист, а конечниот резултат гласеше 7:36.

Најефикасна во нашите редови беше Максимовска која постигна 7 голови.

Вардар: Ѓорѓиевска, Андоновска 1, Крагељ 2, Равојска 3, Стефаноска 2, Коловска, Трајановска 3, Христовска, Тошевска 4, Борј.Коцева 2, Ангеловска 3, Миланова 4, Пешиќ 1, Максимовска 7, Радевска 1, Бој. Коцева 3.