Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Само победа во мислите на вардарци
Само победа во мислите на вардарци

Само победа во мислите на вардарци

Вардар и Воска Спорт денес го играат најинтересниот натпревар во рамките на Втората лига – Запад. Се освен победа на денешниот дуел во Маџари ќе биде неуспех за ,,црвено – црните”, бидејќи веќе имаат пет бодови заостанување зад денешниот противник.

Горан Симов на денешниот дуел најверојатно нема да може да смета на Оливер Пеев од првата минута, а пак неговото место треба да го завземе ,,новајлијата” Николов или искусниот Љамчевски во комбинација со Керим на средината на теренот. Можеби и Гроздановски ќе започне како најистурен во нападот, останува и тоа прашање отворено и нејасно на неколку часа пред почетокот на дуелот. Кога сме пак кај одбраната, Илијоски се чини дека ќе добие шанса во почетниот тим пред Глишиќ на лев бек.

Дуелот на Вардар и Воска Спорт денес во Маџари започнува со почеток од 16.00 часот. Стрим од овој натпревар не е најавен, иако е дерби на колото.