Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сергеј Самсоненко најдобар спортски работник во 2016 година
Сергеј Самсоненко најдобар спортски работник во 2016 година

Сергеј Самсоненко најдобар спортски работник во 2016 година

Големо признание за сопственикот на ракометните и фудбалската екипа на Вардар.  Вечерва се доделуваа наградите за најдобрите во 2016 година. Господинот Сергеј Самсоненко доби големо признание за најдобар спортски работник во Македонија за 2016 година. Неговиот придонес за развој на фудбалот беше повод да ја добие оваа почесна награда. Изградбата на тренинг центарот во населбата хиподром како и академијата за младинските категории оставија посебен белег во Македонија.

9622-g-not-samsonenko-so-priznanie-najdobar-fudbalski-rabotnik
-Ова е значајна награда за нас. ова не е награда само за мене туку за сите работници во ФК Вардар. Во март ќе се навршат три години како сум во македонскиот фудбал. Во овој период работевме напорно за развојот на фудбалот. Им посакувам на сите клубови да се развиваат. Ние сме непријатели само кога сме на терен. Надвор од него мораме да бидеме пријатели и да работиме заедно. Посакувам фудбалот да напредува и понатаму, а следното лето сите ќе навиваме за младинската репрезентација на Македонија
– изјави господинот Самсоненко.