Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинската екипа на ФК Вардар најдобра во 2016 година
Младинската екипа на ФК Вардар најдобра во 2016 година

Младинската екипа на ФК Вардар најдобра во 2016 година

Младинската екипа на фудбалскиот клуб Вардар е најдобра во Македонскиот фудбал за годината која полека изминува. Избраниците на Љупчо Марковски ја освоија првенствената титула минатата сезона и играаа во големото финале на купот. Освен тоа беа првата младинска екипа во Македонија која доби можност да игра во лигата на шампионите. Наградата свечено ја прими капитенот на младинците на ФК Вардар и репрезентативец до 19 години, Есмин Личина.

-Сакам да и се заблагодарам на Фудбалската Федерација на Македонија, на фудбалскиот клуб Вардар, голем поздрав до моите колеги и до стручниот штаб на ФК Вардар, изјави Личина.

Благодарение на условите кои ги има ФК Вардар и изградбата на академијата, нашите младински екипи продолжуваат и понатаму со добрите резултати и освојување на многу трофеи во своите лиги каде се натпреваруваат.