Во Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Босна.. остануваат уште завршните рунди. На многу малку до крајот на шампионатите, се надзираат новите шампиони на своите земји.
Во македонскиот и бугарскиот шампионат е веќе се јасно, Вардар и Лудогорец се старо – новите шампиони. Во Србија и Хрватска на само еден чекор до титули се тимовите на Партизан и Ријека. Партизан по неколку години пост, треба да стане шампион на својата земја, додека пак Ријека направи голема сензација во Хрватска, овој тим е на само еден чекор до титулата во својата земја. Ова значи дека по подолги години тимот на Динамо Загреб ќе биде симнат од тронот во Хрватска. Значи Вардар во квалификациите за ЛШ нема да може да го добие повторно тимот на Динамо, а пак може и оваа година да го добие тимот на Лудогорец кој важи за многу силен и стабилен тим.
Познати (*) или се надзираат шампионите:
*Вардар (Македонија)
Партизан (Србија)
Ријека (Хрватска)
*Лудогорец (Бугарија)
*Марибор (Словенија)
Будуќност (Црна Гора)
(Во шампионатот на Босна е многу неизвесно на две кола до крајот)