Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално! Шишкарев го продолжи договорот со РК Вардар
Официјално! Шишкарев го продолжи договорот со РК Вардар

Официјално! Шишкарев го продолжи договорот со РК Вардар

Вардар продолжува со задржување на “костурот“ , како што ви најавивме  руското десното крило во редовите на црвено-црните, Даниил Шишкарев и во следната сезона ќе биде член на РК Вардар. Тој  и управата на македонскиот  ракометен првак се договорија за нов договор, па така и во следната сезоната 2017/2018  русинот ќе биде дел од нашиот шампионски тим.

Шишкарев како дел од тимот освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Гаспром лигата. Тој сезонава постигна вкупно 30 голови во натпреварите од ЕХФ Лигата на шампионите, од што пет на последниот четврт-финален натпревар против Флензбург во Скопје кога обезбедивме историски пласман на завршниот Ф-4 турнир во Келн.