Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре вардарци ќе атакуваат на првата пролетна победа
Утре вардарци ќе атакуваат на првата пролетна победа

Утре вардарци ќе атакуваат на првата пролетна победа

Се враќаат возбудувањата во првата македонска фудбалска лига. Утре на програмата е првото пролетно коло, во него шампионот на Македонија, тимот на ФК Вардар се среќава со тимот на Шкупи во рамките на 19 коло.

Нашиот тим овој натпревар го дочекува како лидер на првенствената табела со 41 освоен бод, односно четири повеќе од второпласираниот тим на тетовска Шкендија. Утрешниот противник на Вардар се наоѓа на 7 место на првенствената табела со досега освоени само 16 бодови. Овие два тима оваа сезона се сретнаа на два наврати во ПМФЛ. И на двата натпревари немаше победник, односно и двата меча завршија нерешено (0:0 и 1:1).

Очекуваме и време е Вардар да ја забележи првата победа против овој тим оваа натпреварувачка сезона, што ќе ни овозможи зацврстување на првенствената табела пред дерби натпреварот против Шкендија, кој ќе биде одигран идната недела.

Утрешниот натпревар започнува во 14 часот, од истиот ќе има директен пренос на Сител 3 .