Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар продолжува со градење на екипата за следната сезона, денес Андреа Пенезиќ го продолжи својот договор на најмалку уште една сезона
ЖРК Вардар продолжува со градење на екипата за следната сезона, денес Андреа Пенезиќ го продолжи својот договор на најмалку уште една сезона

ЖРК Вардар продолжува со градење на екипата за следната сезона, денес Андреа Пенезиќ го продолжи својот договор на најмалку уште една сезона

Нашиот женски ракометен шампион продолжува со градење на екипата за следната сезона. После продолжување на договорите со Кликовац, Хмирова, Лазовиќ и вчера Лекиќ, денес од клубот соопштуваат дека верноста кон Вардарки и за наредната сезона ја продолжи и Андреа Пенезиќ. Ова е повеќе од заслужен договор за Андреа која беше најдобар стрелец во пртходните сезони во екипата на Вардар. Со оглед дека ова е веќе нејзина трета година, значи најмалку уште сезона ќе биде дел од црвено-црното семејство.

-Задоволна сум, и самиот факт дека три сезони сум тука зборува укажува на тоа. Мислам дека и клубот е задоволен од моите настапи, и сметам дека во иднина заедно ќе постигнеме уште подобри резултати. Вардар е одличен клуб кој нуди многу добри услови за постигнување на добри резултати и немав дилема околу останувањето, вели Андреа Пенезиќ.

Задоволство од потпишаниот договор и кај извршниот директор, Давор Стојановски кој за официјалната страна го изјави следново.

-Среќни сме што Пенезиќ ќе остане дел од Вардар и следната сезона. Очекуваме и во иднина да биде на нивото на кое и сега настапува, и заедно да се радуваме на нови победи. Со нејзиното останување решивме едно важно место во тимот, и веруваме дека играта на Вардар ќе биде на уште повисоко ниво, вели Давор Стојаноски.

Вардарки се во серија од осум последователни победи во лигата на шампиони, а Пенезиќ во моментов е најдобар стреелц во тимот со 53 постигнати голови. Претходниве две сезони со Вардар го освојуваше бронзениот медал.